Барса посака играч на Бенфика, на сцена веднаш стапи Мурињо
„Каталонците“ се обидуваат да најдат замена за него во јануарскиот преоден рок, но сето тоа оди многу тешко. Прва цел беше Ињиго Мартинез кој летоска се пресели во Саудиска Арабија, ама не постојат речиси никакви шанси ветеранот да се врати во Каталонија затоа што е под договор, а Саудијците не сакаат да слушнат за разделба.
Втора опција е аргентинскиот ветеран Николас Отаменди кој и на 37 години игра во добра форма во тимот на Бенфика. Сепак, тука Барселона се соочи со неочекуван проблем бидејќи во целата работа се вклучи тренерот Жозе Мурињо.
Со цел да не ѝ помогне на Барселона да се засили од неговите редови, тој предложи нов договор за Отаменди кој ќе го задржи Аргентинецот до крајот на сезоната во Бенфика. Поради тоа, „каталонците“ ќе мораат да се снаоѓаат на друг начин, ако воопшто успеат да донесат засилување во одбраната оваа зима.