Реал си го враќа бисерот од Комо
Во летото 2024 година, шпанскиот клуб го испрати аргентинскиот офанзивен играч од средниот ред во Комо, но ја задржа можноста, преку посебна клаузула во договорот, повторно да го потпише овој фудбалер. АС објавува дека неговите импресивни настапи за година и пол во Серија А ги убедија челниците и членовите на стручниот штаб на Реал да ја искористат оваа опција.
Сепак, враќањето на Нико Паз во тимот на Реал Мадрид нема да се случи веднаш. Трансферот ќе биде финализиран следното лето, бидејќи Мадрид ќе му дозволи на играчот да ја заврши тековната сезона со Комо.