Нов скандал ја тресе Турција, овојпат со - дрога!
Турските медиуми објавија дека првиот човек на Фенербахче, Садетин Саран е приведен под сомение дека користел кокаин. Бил задржан во полиција, а потоа пуштен на слобода со кауција, но му е изречена забрана за напуштање на земјата.
Претседателот на Фенер сега излезе со изјава велејќи дека обвинувањата се неосновани и тој во животот ниту видел, ниту користел кокаин.
„Досега во животот никогаш не сум користел таква супстанца за која Институтот за судска медицина наводно добила позитивен тест, кокаин не сум ни видел одблизу. Овие обвинувања се класична кампања кон мене за поткопување на мојот деловен углед, имаат за цел да им наштетат на институциите кои јас ги претставувам. Јас сум подготвен веднаш и без двоумење да ги обезбедам сите потребни повторни примероци. Не сум загрижен затоа што знам дека сум чист и вистината ќе излезе на виделина“, рече Саран.
И овој случај се очекува да биде актуелен во наредниот период.