Трагедија: Норвешки бијатлонец пронајден мртов во хотелска соба!

Тажна вест го потресе светот на бијатлонот откако 27-годишниот спортист Сиверт Гуторм Бакен бил пронајден починат во хотелска соба во Тренто.

Бакен престојувал во хотел пред почетокот на подготовките за продолжение на сезоната и новите предизвици кои го очекувале во јануари.

Неговата смрт ја шокираше спортската јавност, а норвешката бијатлон асоцијација соопшти дека причината за смртта засега останува непозната.

Бакен дебитираше во Светскиот куп во сезоната 2020/21, а следната сезона направи исчекор и освои мал кристален глобус, но потоа следеше голем шок затоа што доживеа срцев удар во текот на 2022 година поради што му беше дијагностициран перикардитис кој најчесто е воспалително нарушување на срцето.

Фото: EPA