Бивш НБА кошаркар: Ако треба, ќе се борам против Русија!
Гортат, кој во кариерата играше за Орландо меџик, Феникс санс и Вашингтон визардс, кажа дека ќе се појави на фронтот доколку има потреба.
„Ако биде потребно, ќе ја бранам Полска. Крај на приказната. Седум години напорно тренирам и убеден сум дека повеќе не сум просечен. Нема да бранам само дел од нашата земја, туку ќе ги бранам својот син, сопруга и цело семејство“, кажа бившиот кошаркар.
Фото: EPA