Гвардиола за подарок за Божиќ добива засилување од 75 милиони евра!?

Манчестер сити е еден од кандидатите за титула во Премиер лигата оваа сезона, а дополниителни ќе ги зголеми шансите за пехарот затоа што на Пеп Гвардиола ќе му пристигне големо засилување.

Управата на „граѓаните“ планира да го изненади Гвардиола со подарок за Божиќ вреден 75 милиони евра, а станува збор за Антоан Семењо од Борнмут.

Семењо покажал желба да потпише за Сити, откако Челси се повлече од трката, а Манчестер јунајтед и Ливерпул не му биле доволно атрактивни.

„Граѓаните“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула вредна 75 милиони евра, а Семењо во јануари ќе го облече синиот дрес на гигантот од Манчестер.