Гвардиола за подарок за Божиќ добива засилување од 75 милиони евра!?
Управата на „граѓаните“ планира да го изненади Гвардиола со подарок за Божиќ вреден 75 милиони евра, а станува збор за Антоан Семењо од Борнмут.
Семењо покажал желба да потпише за Сити, откако Челси се повлече од трката, а Манчестер јунајтед и Ливерпул не му биле доволно атрактивни.
„Граѓаните“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула вредна 75 милиони евра, а Семењо во јануари ќе го облече синиот дрес на гигантот од Манчестер.