Пешиќ направи „каша-попара“ - малку на англиски, малку на германски...! (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркарски селектор на Србија, Светислав Пешиќ со пораз стартуваше на клупата на Баерн Минхен, а по мечот имаше непријатно шоу на прес-конференцијата.

Баерн Минхен загуби на домашен терен од лидерот во Евролигата, Хапоел Тел-Авив. Новиот тим на Пешиќ одигра 72-82.

На прес-коференцијата по мечот, Светислав Пешиќ ги насмеа новинарите откако „ги измеша брзините“.

Почна на англиски, па мислата не му течеше, се префрли на германски, па пак на англиски, па на германски...