Германски фудбалер загина во Црна Гора - испаднал од корпа на жичара!

Поранешниот младински германски репрезентативец, Себастијан Хертнер загина во неделата на Дурмитор, додека неговата сопруга е тешко повредена.

Црногорските медиуми пишуваат дека несреќниот Хертнер испаднал од корпата од жичарата од висина од 70 метри, при што загинал на лице место.

Неговата сопруга, која била со него во корпата, останала заглавена на жичарата, а по реакција на спасувачките служби била пренесена во болница.

Хертнер во кариерата играл во втората германска лига за Минхен 1860, Ауе и Дармштад, а последно бил активен во Оберлига како капитен на ЕТСВ Хамбург.

Фото: Instagram/sebastianhertner