Васил Рингов - мајсторот од Струмица кој остави неизбришлив белег во македонскиот фудбал
За кратко време го привлече вниманието на пошироката фудбалска јавност, по што се пресели во српскиот гигант Партизан, каде што не доби премногу шанса, по што следеше враќање во татковината, односно во Тетекс каде што стана главна ѕвезда на екипата.
Неговите настапи во тетовскиот тим му обезбедија и трансфер во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, кој стана негова најголема љубов и клуб со кој ја испиша најславната страница во својата фудбалска кариера.
Рингов во дресот на „црвено-црните“ од Скопје одигра над 200 натпревари и постигна 93 голови, со што засекогаш се запиша во историјата на македонскиот фудбалски клуб.
Македонската легенда имаше и авантури во странство, односно кратка епизода во Динамо Загреб во сезоната 1983/84, како и во Ајнтрахт Брауншвајг, но во неговото срце остана Вардар каде што се врати.
Една од најпознатите сцени во неговата кариера е погодокот за Вардар пред три децении, односно во 1985 година, кога го нокаутира Динамо Букурешт во Купот на УЕФА, односно неговиот гол беше важен за пласман понатаму на „црвено-црните“.
Рингов нема да остане запаметен само по бројките и статистиките во кариерата, туку и по неговата страст, фудбалска интелигенција и љубов кон фудбалот. Тој ќе остане како човек кој со еден допир знаеше да создаде магија на теренот со фудбалската топка.