Чурлинов силно блесна во Турција - даде два гола и асистираше! (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар во Купот на Турција во дресот на Кочаелиспор против Ерзурумспор.

Чурлинов беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим од 3-1 и учествуваше во сите три погодоци. Во првиот дел, Чрлинов двапати стрелаше, прво со глава во 18-тата минута, а потоа и пред паузатаа во 45. минута.

Одличниот настап го заокружи во 53. минута кога запиша асистенција за Нонге. На теренот македонскиот репрезентативец остана до 61. минута кога беше заменет.