Слот: Исак го чека долга пауза, таков старт секогаш значи тешка повреда

Стратегот на Ливерпул, Арне Слот, денеска ја потврди повредата на Александа Исак кој на терените ќе се врати дури кон крајот на сезоната.

Исак во понеделникот беше подложен на операција, откако се здоби со скршеница на ногата по лизгачки старт направен над него од страна на Ван де Вен, на натпреварот одигран во саботата (2-1).

„Тоа ќе биде долга пауза, неколку месеци. Тоа е големо разочарување за него и за нас, ќе се врати на крајот од сезоната“, изјави Слот.

Слот стартот на Ван Дер Вен го спореди со оној на Чави Симонс кој заработи исклучување во натпреваарот.

„Стартот на Симонс беше без намера и мислам дека од таков старт никогаш нема да се повредиш. Но, стартот на Ван де Вен, ако го направиш десет пати, во сите ситуации ќе го повредиш противникот“, смета холандскиот стратег.

Ливерпул во сабота ќе го пречека Вулверхемптон во Премиер лигата, а во нападот Слот нема да може да смета ниту на Мохамед Салах, кој со репрезентацијата на Египет настапува на Африканскиот куп на нации.