Партизан потпиша со НБА ветеран кој беше нокаутиран од Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Екипата на Партизан покрај официјалното назначување на новиот тренер (види ТУКА), денеска доби и големо играчко засилување во завршницата од сезоната, откако во Белград пристигна искусниот американски плејмејкер, Камерон Пејн.

Станува збор за 31-годишен кошаркар, кој веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и ќе се приклучи на тренинзите, а до крајот на актуелната сезона ќе го носи „црно-белиот“ дрес. Пејн зад себе има богата НБА-кариера, избран како 14-ти пик на драфтот во 2015 година, со повеќе од 400 одиграни натпревари во најсилната лига на светот. Најдобрите партии ги пружаше во периодот во Финикс, каде што имаше забележлива улога и во плеј-офот. Токму во тој период стана „познат“ во Србија, кога без поголема вина беше нокаутиран од Никола Јокиќ, кој поради тоа беше исклучен.

Американецот е брз и продорен бек, познат по експлозивниот прв чекор, агресивните влегувања и искуството од натпревари со висок интензитет – квалитети што треба да донесат дополнителна стабилност и креативност во играта на Партизан во клучниот дел од сезоната.