Аталанта со гол во 94. минута ги освои трите бода во Џенова! (ВИДЕО)
Само што почна натпреварот, домаќините останаа со фудбалер помалку откако Леали во третата минута доби црвен картон.
Аталанта имаше играч повеќе, но мака мачеше да постигне гол. Кога се чинеше дека Џенова ќе издржи, падна нивниот бедем.
Во 94. минута по асистенција на Залевски погоди Хеин за победа на Аталанта од 1-0.