Шокантна исповед: Поренешен играч на Интер трипати се обидел да се самоубие!
Гуарин тешко го прифатил разводот од сопругата и одалеченоста од децата до тој степен што сакал да се самоубие.
„Бев во лоша состојба поради семејната ситуација. Се разведов од сопругата, живеев сам во друга куќа и бев далеку од своите деца. Тоа не можев да го прифатам. Алкохолот беше обид да се справам со мојата непријатност, засолниште каде што можев да се сокријам“, открива Гуарин.
Тој од Италија замина за Кина, каде три години играше за Шангај Шенхуа, но ситуацијата му се влошила.
„Мојата зависност се влоши. Бев во нова земја. Бев сам со своите проблеми. Пиев, тренирав, играв. Фудбалот беше мојот терапевт во текот на тие години. Тоа беше единствената работа која ме тераше да го исполнувам својот распоред, своите обврски и одговорности“.
По Кина, Гуарин се пресели во Бразил, а потоа во родната Колумбија каде и ја заврши кариерата во Милионариос. Таму повторно станал зависник и се обидел да се самоубие.
„Кога отидов во Бразил се појави Ковид-19. Во тој момент престана и единствената работа која ме спасуваше - фудбалот. Со пандемијата застана целиот свет вклучително и фудбалот. Останав без ништо за што можам да се фатам, уште повеќе сум сам со себе. Во 2021 стигнав во Милионариос. Престанав да пијам, но неколку месеци подоцна повторно почнав и тоа беше крај. Престанав да играм фудбал Почнаа три години самоуништување. Пиев и тоа беше тоа“.
„Размислував на самоубиство. И трипати се обидов да си го одземам животот. Бог ме спаси“.
Фреди Гуарин побарал помош и добил лечење во рехабилитациона клиника. Сега повторно може да ги види своите деца и денеска им помага на луѓе кои поминуваат низ иста ситуација.
Тој е роден на 30 јуни 1986 година. Има само 39 години.