Тимот на Шишковски е лидер, а навивачите бараат оставки од управата и тренерот!
Борац Бања Лука каде брани нашиот Дамјан Шишковски, ќе презими на врвот на табелата во првенството на Босна и Херцеговина со три бода повеќе од единствениот ривал за титулата, тимот на Зрињски.
Пред денешното 19. коло, тие имаа шест бода повеќе од Зрињски, но го загубија меѓусебниот дуел и на паузата одат со три предност.
За време на денешниот дерби меч, кој го бранеше Шишковски, можеа да се слушнат скандирања „Винко, оди си“ и „Управа надвор“.
„Навивачите имаат свои гледишта. Јас работам тука, имам своја работа, се знае кој е одговорен, јас сум одговорен, тука е и управата. Мислам дека овие момци, но и сите заедно, дадовме еден максимум во текот на досегашниот дел од сезоната, сепак сме први и мислам дека сигурно заслуживме подобра поддршка од ова што се случуваше на последниов натпревар“, рече тренерот Винко Мариновиќ.