Баерн Минхен го уништи Хајденхајм за 13. победа во Бундес лигата

Германскиот гигант Баерн Минхен вечерва успеа да го совлада и Хајденхајм со убедливи 4-0 во 15. коло од Бундес лигата.

Баварскиот гигант постигна два гола во првото полувреме, и тоа преку Јосип Станишиќ и Мајкл Олисе за предност од 2-0.

Луис Дијаз беше стрелец на третиот погодок за гигантот од Минхен, додека конечните 4-0 ги постави Хари Кејн.

Баерн е лидер по 15 одиграни коола со 41 бод, односно девет повеќе од второпласираниот Борусија Дортмунд.

Фото: Facebook/FC Bayern München