КФМ ги прогласи најдобрите: Стојановски, Ѓуроски и Атанасов - лауреати за 2025 година (ФОТО)
Најдобар кошаркар е Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје, додека најдобар стрелец е Стојан Ѓуроски од Работнички, а за најдобар тренер е прогласен стратегот на МЗТ, Васко Атанасов. За најдобар кошаркар во странство беше прогласен Ненад Димитријевиќ.
КФМ ги прогласи најдобрите и во младинска категорија, па за најдобар во М18 беше избран Дамјан Данев од КК Вардар, а до М16 беше избран Михаил Анѓеловски до Водно Санс. Најдобар младински тим е Вардар.
Во женска конкуренција, за најдобар стрелец беше прогласена Ивона Кметовска, додека најдобар кошаркарка во странство е Анжелика Митрашиновиќ, а најдобар тренер е Жаклина Стојановска.
Во младинска конкуренција, најдобра кошаркарка во М18 е Ања Начевска од ЖКК Вардар, додека најдобра во М16 беше Јана Пислевска од ЖКК Вардар.

