Ѓоковиќ почна со подготовките за Австралија опен (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ почна со подготовките за Австралија опен, а во моментов тренира во Дубаи.

Дубаи е дестинација која ја бираат многу тенисери и тенисерки, а Ѓоковиќ беше снимен како тренира на терените на хотел Атлантис.

Иако српскиот тенисер не објави снимки од доаѓањето во Дубаи, сепак една девојка објави дека Ѓоковиќ тренира на еден од терените.