Отворено е местото за Станковиќ, Звезда му се заблагодари на Милојевиќ!
Српските медиуми веќе најавуваа дека вчерашниот натпревар е последен за Милојевиќ на клупата и според најавите него треба да го наследи Дејан Станковиќ.
„Црвена Звезда ја известува јавноста дека спогодбено е раскинат договорот со Владан Милојевиќ кој од денес веќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб“, сто имеѓу другото во соопштението.
Очекувањата се Станковиќ веќе утре да биде промовиран како нов предвоник на српскиот шампион.