Навивачи на Реал Мадрид жестоко го исвиркаа Винисиус, тој им одговори на Инстаграм (ФОТО)
Незадоволството на трибините доаѓа во период на негова лоша статистика. На последните 17 настапи за клубот и репрезентацијата, Винисиус нема постигнато гол, а забележа само три асистенции. И покрај падот во формата, тој и понатаму е стандарден стартер и минува голем дел од натпреварите на теренот. Дополнителна тежина на ситуацијата дава и фактот што преговорите со клубот околу нов договор не се поместуваат од мртва точка, што ја зголемува тензијата околу неговиот статус и иднина во тимот.
По замените, Винисиус често реагира со незадоволство, а иако синоќа избегна јавна гестикулација, пораката ја испрати преку социјалните мрежи. Набргу по натпреварот објави фотографија со симболични три точки како најава за тоа што ќе следува, а ја смени и профилната слика – ја отстрани фотографијата со дресот на Реал Мадрид и ја замени со негова слика во дресот на бразилската репрезентација.
ФОТО: EPA PHOTO