Дончиќ се повреди во поразот на Лејкерс - ептен луд меч меѓу Јута и Орландо (ВИДЕО)
Дуелот во Солт Лејк Сити понуди трилер во финишот, откако при водство на „магичните“ со 126-123 и само неколку секунди до крајот, Кијонте Џорџ реализираше тројка со дополнително слободно фрлање, со што ја сврте предноста во корист на домаќините. Сепак, гостите имаа последен збор – Дезмонд Бејн погоди за победа на 0,6 секунди пред истекот на времето и им донесе огромно славје на кошаркарите од Флорида.
Во градското дерби во Лос Анџелес, Клиперс убедливо го совлада Лејкерс со 103-88. Иако Леброн Џејмс беше најефикасен со 36 поени, натпреварот го одбележа повредата на Лука Дончиќ, кој поради проблем со коленото не се појави на теренот во второто полувреме и мечот го заврши со 12 поени.
„Во моментов немаме прецизни информации. Сè што знам е дека станува збор за повреда на медијалниот менискус. Кон крајот на втората четвртина видов дека поткривнува и мораше да остане во соблекувалната“, изјави тренерот на „езерџиите“, Џеј-Џеј Редик.
Лидерот на Истокот, Детроит Пистонс, без поголеми проблеми го надигра Шарлот со 112-86, при што Кејд Канингем забележа трипл-дабл, а тимот одигра најцврста одбрана од почетокот на сезоната. Спектаклот на вечерта го заокружи Шедон Шарп со атрактивно забивање преку Расел Вестбрук, во натпревар во кој Портланд триумфираше над Сакраменто со 98-93.