Хет-трик на Пејчиновиќ: Волфсбург во луд меч загуби од Фрајбург (ВИДЕО)

Бундес лигата донесе неколку интересни дуели, а најмногу голови беа постигнати на мечот меѓу Волфсбург и Фрајбург (3-4).

Фрајбург поведе со гол во петтата минута, но потоа Џенан Пејчиновиќ израмни на 1-1. Истиот фудбалер беше стрелец и на стартот на вториот дел за целосен пресврт на домаќините.

Грифо од пенал во 56. минута донесе израмнување, но Пејчиновиќ потоа го комплетира хет-трикот и погоди за предност од 3-2 на Волфсбург.

Фрајбург го засили темпото, па набрзо израмни со автоголот на Селт, а потоа Шерхант погоди за конечни 4-3.

Останати резултати:

Келн – Унион Берлин 0-1
Аугсбург – Вердер Бремен 0-0
ХСВ – Франкфурт 1-1
Штутгарт – Хофенхајм 0-0

Фото: Facebook/Wolfsburg