Многу шанси и четири гола на „Сент Џејмс Парк“, Њукасл и Челси ремизираа (ВИДЕО)

Одличен фудбал донесе првиот натпревар од 17. коло во Премиeр лигата, а во него Њукасл и Челси ремизираа 2-2.

Возбудувањата на „Сент Џејмс Парк“ почнаа многу раано, по само четири минути игра најдобриот стрелец на Њукасл, Волтмаде го отвори резултатот. Истиот фудбалер во 20-тата минута се погрижи и за зголемување на водството. Челси потешко доаѓаше до прилика, па така на пауза замина со два гола негатива.

Во вториот дел сликата на теренот комплетно се промени и сега „сините“ беа подобриот тим на теренот. Предноста на домашниот состав беше намалена во 48-та минута кога капитенот, Рис Џејмс мајсторски погоди од слободен удар.

По тој гол констатно се играше пред голот на Њукасл и Жоао Педро во  66-та минута се погрижи за израмнување.

Отворената игра продолжи до самиот крај, повтроно се „разбуди“ и Њукасл кој создаде неколку идеални прилики за трет гол, меѓутоа напаѓаше и Челси. Резултатот на крајот не се промени, па двете екипи ги поделија бодовите.