Ристовски во БиХ казнет со речиси 800 евра!

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски неодамна ја критикуваше ситуацијата со судењето во БиХ, а поради тоа заработи и казна.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина парично го казни Ристовски со 1.500 босански конвертибилни марки (околу 47.000 денари).

„Фудбалерот на Сарајево, Стефан Ристовски ќе добие парична казна во износ од 1.500 конвертибилни марки во склад со член 82. по точка 1. Дисциплинската комисија го казнува поради изјави во меидумите за судењето без аргумент“, стои во краткото соопштение.