Фудбалер на Ливерпул откри како Салах се извинил: Таков човек е тој...

Фудбалерот на Ливерпул, Куртис Џонс откри како Салах им се извинил на сите во соблекувалната за случувањата во последниот период во кои Египќанецот беше во центарот на вниманиет.

Џонс истакна и дека никој од соиграчите не му замерува на Салах.

„Мо може да каже што сака. Ни се извини и пред сите кажа: „Ако сум повредил некого или сум направил да се чувствувате лошо на кој било начин, се извинувам“. Таков човек е тој“, изјави Џонс за „Скај спортс“, па додаде:

„Нашиот однос кон него не се промени. Претпоставувам дека тоа што го кажа претходно беше исклучиво од желбата да биде победник и мислам дека нема да биде последниот кој ќе каже нешто такво“.

Инаку, Ливерпул денеска од 18:30 часот ќе гостува кај Тотнем без Салах, кој се приклучи на репрезентацијата на Египет пред почетокот на Африканскиот куп на нации.