Пол и Џошуа го налутија судијата, па им порача: Навивачите не платија за вакво ср*ње! (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во светот во тешка категорија, Ентони Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда, но првите четири рунди воопшто не наликуваа на бокс меч.

Боксерите пред борбата се договорија рингот да биде поголем од вообичаено, па така место во простор од 4.9 се бореа во простор од 7.3 метри.

Пол тоа го користеше за во првите четири рунди практично да бега од Џошуа. Поради тоа двајцата добија и предупредување од судијата пред самиот крај на четвртата рунда.

„Слушајте, навивачите не платија за да гледаат вакво „ср*ње“. Ако сте дојдени да се борите, борете се“, им порача судијата Кристофер Јонг.

Тој говор се покажа можеби и како прресуден момент затоа што во петтата руда Џошуа двапати го остави Пол во нокдаун, за на крајот да го нокаутира во шестата рунда.