Конте за „војната“ со Алегри: Ми кажа дека сум идиот!

Наполи успеаја да слават против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, а мечот го одбележа и инцидент меѓу тренерите Антонио Конте и Масимилијано Алегри.

Нервозата поради проблемите на теренот кулминираше на крајот на мечот, кога Алегри влезе во вербална пресметка со дел од стручниот штаб на Наполи, а притоа го навредил и тренерот на Елиф Елмас.

„Ми кажа неколку работи по ред. Прво беше ‘седни, идиоту’. Втората беше ‘имбецил’. Третата беше ‘идиот’ и на крајот заврши со израз кој не беше навредлив, но тоа не беше убаво“, откри Конте.