Дебакл на Партизан: Жалгирис го понижи белградскиот гигант!

Кошаркарите на Жалгирис Каунас триумфираа со неверојатни 109-68 против српскиот гигант Партизан во 17. коло од Евролигата.

Уште во првите 10 минути можеше да се забележи дека „црно-белите“ ќе бидат блиску до дебакл, откако губеа со 15-28, а до полувремето разликата дополнително се зголеми, па Жалгирис замина на паузата со 53-30.

Жалгирис во вториот дел продолжи во идентично темпо да го полни кошот на Партизан и дополнително ја продолжи мизеријата на „црно-белите“.

Франциско го заврши мечот со 22 поени за Жалгирис, додека Вашингтон постигна 17 поени за Партизан.

Претходно, Дубаи успеа да слави против Анадолу Ефес со 80-76.