Преговорите се во напредна фаза: Ендрик дефинитивно го напушта Реал Мадрид!

Бразилскиот фудбалер Ендрик пристигна во Реал Мадрид со големи очекувања, меѓутоа оваа сезона не добива премногу шанса кај тренерот Чаби Алонсо, па поради тоа се очекува да замине во јануари.

„Кралевите“ го платија 60 милиони евра плус 12 милиони во бонуси, но засега не се претстави како лидер на тимот од Мадрид, па затоа ќе бара поголема минутажа на позајмица во седумкратниот француски шампион Лион.

Лион веќе некое време преговара со Реал и разговорите се во напредна фаза, па така Ендрик во јануари треба да го облече дресот на францускиот гигант.

Ендрик ќе игра на позајмица во Лион до крај на сезоната, по што дефинитивно се враќа во Мадрид затоа што во договорот меѓу двете екипи нема откупна клаузула.