Раководството на Јунајтед е разочарано од последната изјава на Бруно Фернандеш!
По тој натпревар Фернандеш изненадувачки зборуваше отворено како клубот сакал да го продаде во Саудиска Арабија, но тој останал благодарение на желбата на Рубен Аморим да го задржи во тимот.
Португалецот зборуваше дека не чувствувал дека челниците на клубот сакаат тој да остане, наводно тие повеќе сакале да го продадат за големи пари.
Сега англиските медиуми пишуваат дека сопствениците на клубот и луѓето од високото раководство на Јунајтед, се фрустрирани од ваквата изјава на Бруно Фернандеш.
Но, иако се разочарани од неговите коментари, случајот го оставаат зад нив. Тие остануваат на ставот дека Бруно Фернандеш е клучен играч во тимот и капитен и немаат намера да го продадат во блиска иднина.