Неделковски: Седлоски ќе продолжи да го води Вардар!

Директорот на Вардар, Миленко Неделковски потврди дека Гоце Седлоски не само што ќе го води тимот до крајот на сезоната, туку ќе биде и тренер и во текот на европските натпревари летото.

Миленко Неделковски потврди дека без разлика дали Гоце Седлоски ќе биде селектор на Македонија, тој ќе остане тренер на Вардар.

„Гоце Седлоски ќе го води Вардар и пролетниот дел и на европските натпревари на Вардар. Тоа ќе остане непроменето. Не знам дали ќе биде селектор или не. Тоа не е прашање за мене. Но, Вардар нема против тој да биде и селектор и тренер на тимот“, рече Миленко Неделковски.

Седлоски го презеде Вардар пред крајот на 2024 година, а ова е негов втор „мандат“ во клубот откако на тренерската позиција беше и во периодот од 2015 до 2017 година.