Русите му го конфискуваа имотот на светскиот шампион во бокс зашто ги финансирал Украинците

Олександр Усик, светскиот шампион во бокс во тешка категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал.

Руските власти го запленија неговиот имот на Крим, тврдејќи дека тој ја финансирал украинската војска. Владимир Константинов, претседател на кримскиот парламент назначен од Русија, објави дека имотот на познатиот украински оксер Усик, заедно со 84 други физички и правни лица, е додаден на списокот на „национализирани“ средства.

„Целта е да се идентификуваат средствата на секој што би можел да ја загрози безбедноста на Руската Федерација и Крим и да се спречи секоја активност насочена против нашата земја“, рече Константинов.

Усик ги обедини сите појаси во тешка категорија оваа година, освојувајќи го последниот, во велтер категорија. Олимпискиот шампион од Лондон во 2012 година стана апсолутен светски шампион за првпат во 2020 година и е единствениот боксер во историјата што го сторил тоа во двете најтешки категории во ерата на четири појаси - WBA, WBC, IBF и WBO.