Рома, конечно, победи - пак четири екипи се на три бода разлика (ВИДЕО)
Тоа беше прв гол за римскиот тим во декември, но со него се врати во игра за шампионската титула. Стрелец беше Весли Франка и со него ја круниса доминацијата што ја имаше во текот на мечот.
Во ова коло кикснаа Милан и Наполи, па сега повторно четири екипи се наоѓаат на три бода разлика. Рома е четврта со 30, а на челната позиција се наоѓа Интер со 33.