Тери се отвори 17 години подоцна: Сакав да се фрлам од 25. спрат (ВИДЕО)
Тој се лизна и ја погоди стативата при она што можеше да биде одлучувачки пенал во серијата против Манчестер Јунајтед - пред „црвените ѓаволи“ да ја свртат во своја корист и да дојдат до победата. Никола Анелка промаши пенал по него, но лизгањето на Тери сè уште се смета за еден од антологиските моменти во историјата на Лигата на шампионите.
Во гостувањето на еден поткаст, Тери призна дека размислувал за самоубиство од 25. спрат на хотелот каде престојуваше Челси - пред неговите соиграчи да го одведат.
„Се сеќавам по натпреварот, сите се вративме во хотелот, а јас бев на 25. кат во хотелот во Москва, само гледав низ прозорецот и си велев: Зошто? Зошто? Секакви работи ми минаа низ главата во тој конкретен момент. Среќа, дојдоа соиграчите и ме одведоа“, призна Тери.
Челси го загуби тоа финале со 5-6, а Тери можеше да биде трагичар и четири години подоцна кога „сините“ стигнаа до финалето во Минхен, но тој не играше поради црвен картон против Барса во полуфиналето. Без него Челси сепак победи во мечот кој ито така се решаваше на пенали.