Детето на Реал Мадрид ќе игра со Меси во Интер Мајами!

Фудбалерот кој кариерата ја започна во Реал Мадрд, Серхио Регулион од денеска е нов член Интер Мјами каде што пристигнува како слободен фудбалер без отштета.

Договорот кој го потпиша Шпанецот има важност до декември 2027 година, но и опција да биде продолжен на уште една година.

„Ова е многу амбициозен проект, клуб кој сака да победува и поради тоа одлучив да дојдам тука. Мојата цел е да продолжам да победувам и да се борам за трофеите заедно со тимот“, изјави Регулион.

Во својата кариера, Регулион покрај Реал Мадрид, беше дел од Севиља, Тотнем, Атлетико Мадрид, Манчестер јунјатед и Брентфорд.

За репрезентацијата на Шпанија собра шест настапи, а беше дел и од Светското првенство во 2021 година.