Нема крај на проблемите на Реал - се повреди уште еден фудбалер
Денеска, фудбалерот од средниот ред не тренираше со првиот тим поради преоптоварување на мускулите на десната нога. Позитивно за „кралевите“ е тоа што натпреварот во Баскија е дури в недела од 21:00 часот, па Валверде има малку повеќе време да се опорави.
Ако не игра, Валверде би бил 12. фудбалер на Реал кој нема да биде во комбинација за настап со Алавес, а се уште не е јасно дали Килијан Мбапе ќе може да учествува на натпреварот, откако остана на клупата против Манчестер Сити во средата.
Одделно суспендирани, повредени или само под знак прашалник се: Алваро Карерас, Ридигер, Фран Гарсија, Трент, Карвахал, Милитао, Алаба, Ендрик, Камавинга, Менди и Хујсен.