Џеко ќе го промени клубот, но ќе остане во Серија А!?
Интерес за Џеко пројавил Даниеле Де Роси кој е поранешен соиграч на Босанецот од Рома, а сега е тренер на Џенова.
Де Роси е во потрага по засилување за нападот и смета дека Џеко би бил идеално решение.
Босанскиот фудбалер зад себе има големо искуство во Италија и квалитет кој можат да помогнат во борбата за опстанок.
Од друга страна Фиорентина е во сериозна криза и тие се единствената екипа која нема победа по 14 кола во првенството, со шест бода се последни на табелата.