Има само 15 настапи во Премиер лигата, а Јунајтед и Челси се интересираат за неговиот потпис
Дваесетгодишниот фудбалер, проценет на околу 25 милиони евра, го привлече вниманието на европските гиганти, а менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, наводно побарал од управата доведување најмалку еден нов играч за врска во летниот преоден рок 2026 година.
Според информациите на Саша Таволиери од „Скај Спорт“, Јунајтед сега целосно го насочил фокусот кон Садики, кој се наметнува како главна мета за летото 2026. Младиот играч станал приоритет, особено ако пропадне и вториот обид по ред да се донесе Карлос Балеба од Брајтон. Сагата околу Балеба трае уште од летото, но двете страни се далеку од договор.
Ситуацијата на „Олд Трафорд“ само ја зголемува итноста за ангажман на нов играч за средината на теренот. Каземиро влегува во последните месеци од договорот, клубот му нуди продолжување на соработката, но понудите од Саудиска Арабија сè уште се опција. Мануел Угарте продолжува да се мачи со адаптацијата, а Коби Мејно, станува сè понезадоволен откако Аморим неколкупати го изостави од стартната постава. Се очекува дека Наполи веќе во јануари ќе испрати официјална понуда за Мејну.
Но, Челси наводно веќе испратил понуда за неговите услуги, меѓутоа таму за место ќе треба да се бори со Каиседо и Фернандез, па поради преселба во Јунајтед за него можеби е подобра опција.