Неверојатно: Алонсо има само еден дефанзивец за дуелот со Алавес!

Здравствениот билтен во Реал Мадрид е катастрофален и тоа во период кога најмногу му треба на Чаби Алонсо.

Шпанскиот стратег нема дефанзивци на располагање, здрав е само Асенсио, а неизвесен е Хујсен кој се врати од повреда и нејасно е дали ќе биде подготвен за мечот со Алавес.

Алонсо нема да може да смета на Ридигер, Милитаро, Алаба, Карерас, Менди, Фран, Карвахал и Трент Александер Арнолд.

Проблем е тоа што во аут е и Камавинга кој знаеше да одигра на бековските позиции.

Тренерот на Реал Мадрид ќе мора да прави импровизации за важниот дуел со Алавес од кој можеби му зависи и иднината.