Надал се оперираше, па се пошегува: Нема да играм на Австралија Опен (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше успешна операција на раката по што подели фотографија на социјалните мрежи.

Поранешниот прв светски рекет предизвика загриженост кај тениската јавност бидејќи на фотографијата се гледа како седи на тениско игралиште со целосно преврзана десна рака. Легендарниот Шпанец во објавата откри дека се справува со проблем што го мачи веќе долго време, но ја искористи можноста да се пошегува на своја сметка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

„Изгледа дека нема да можам да учествувам на претстојниот Австралија Опен. Морав да се оперирам на раката поради проблем со кој се борам долго време, но се надевам дека сè ќе биде во ред наскоро“, објави Надал.

Тој лани ја заврши играчката кариера со 22 освоени Гренд слем трофеи и секако нема да игра на претстојниот турнир во Мелбурн.