СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Изведбата ќе се одржи под диригентство на Маестро Џанлука Мартиненги (Италија), со режија на Урсула Хорнер (Австрија), сценографија на Марија Ветероска и костимографија на Марија Пупучевска. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.
На сцената ќе настапат истакнати солисти: Роберто де Кандиа (Италија), Николина Јаневска, Чанг Ванг (Кина), Владимир Саздовски, Јанош Носек (Полска), Злата Тошевска Димовска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, како и Анастасија Грговска на чембало, заедно со хорот и оркестарот на МОБ.
„Севилскиот бербер“ е едно од најзначајните и најпопуларни дела на Росини – композитор чиј препознатлив музички јазик, виртуозност и ритмичност создаваат неповторлива сценска енергија.
Видеолотарија Касинос Австрија, како силен поддржувач на културните иницијативи, со гордост стои зад настаните што ја збогатуваат културната сцена во земјата. Поддршката на уметноста е составен дел од корпоративната стратегија на компанијата, бидејќи веруваме дека културата е двигател на инспирација, духовноста, заедништво и општествениот напредок.