Легендарната Вон првпат победи во трка од Светскиот куп по пауза од - седум години!

Американката Линдзи Вон триумфира на првата трка во спуст од новата сезона во Сент Мориц, остварувајќи победа за паметење во рамки на Светскиот куп.

Ветеранката (41 година) со време од 1:29,63 минути дојде до 83. победа во кариерата, со што стана и највозрасната победничка во историјата на натпреварувањето. Легендарната Вон беше најбрза во долниот дел од патеката и достигна брзина од 119 км/ч, забележувајќи прва победа во СК по 2018 година. Второто место го освои Магдалена Егер, а третопласирана заврши Миријам Пухнер.

Вон се врати на патеките по петгодишна пауза и настапува со титаниумска протеза во коленото. Следниот спуст е закажано за утре, повторно во Сент Мориц, додека во вкупниот пласман води Микаела Шифрин.