Вардар главната фаза во ЕЛ ќе ја почне и заврши на гости – помеѓу двапати ќе игра дома!
Наместо првично најавениот домашен меч со германскиот претставник (види ТУКА), црвено-црните првиот дуел ќе го одигра на теренот на Бенфика (17 февруари), додека последниот меч од групата е закажан за 10 март, кога скопјани ќе гостуваат кај Мелсунген. Меѓу двете гостувања, вардарци ќе одиграат два натпревари на домашен терен. На 24 февруари во Скопје доаѓа Мелсунген, а на 3 март македонскиот претставник повторно ќе игра пред својата публика, овој пат против Бенфика.
Вардар пласманот во главната групна фаза го потврди со победата над Тулуз во последното коло од воведната рунда, при што меѓу шеснаесетте најдобри екипи влегува од првата позиција. Во новоформираната група, Мелсунген ќе пренесе четири бода, Вардар 1961 и Кристијанштад по два, додека Бенфика ја започнува втората фаза без освоени бодови.