Шкендија е на чекор од плеј-оф, има најголеми шанси помеѓу конкурентите! (ФОТО)

Шкендија вчера на домашен терен славеше победа над Слован Братислава со 2-0 и освои три многу важни бодови во битката за место во плеј-офот.

По вчерашниот триумф македонскиот претставник дојде до 17-тата позиција на едно коло пред крајот и за да се пласира во плеј-офот за место во осминафиналето потребно е да не биде под 24-тата позиција.

Според статистичарите Шкендија без разлика што ја чека тешко гостување кај АЕК Ларнака во последното коло ќе успее да биде помеѓу првите 24 екипи.

Имено, на Шкендија ѝ се даваат најголеми шанси од конкурентите, дури 65.06% дека ќе го обезбеди местото во плеј-офот.