Драма во Камерун: Селекторот одбива да биде отпуштен, објавени два списока за Африканскиот куп

Репрезентацијата на Камерун се најде во војна со својот претседател Самуел Ето само неколку дена пред почетокот на Африканскиот куп на нации.

Ето, кој вчера ја одбележа својата четврта годишнина како претседател на Камерунската фудбалска федерација, е во жестока расправија со селекторот на репрезентацијата Марк Брис, кој наводно одбива отказ. Белгискиот стручњак Брис сè уште не е официјално отпуштен и останува под договор со Министерството за спорт до септември 2026 година, и покрај тоа што Ето му кажал дека неговото време на чело на Камерун е завршено.

Расправијата го фрли Камерун во таков хаос и конфузија на десетина дена дена пред почетокот на турнирот, што африканскиот гигант именуваше два одделни состави на континенталното натпреварување.  Камерунската фудбалска федерација, предводена од Ето, го објави својот состав од 28 играчи по состанокот на итен комитет на 1 декември, именувајќи го Давид Пагу, а не Брис, за селектор на репрезентацијата за турнирот. Пагу, кој сега е официјално наведен на веб-страницата на ФИФА, па дури и одржа прес-конференција за да ги претстави составот и амбициите на Камерун за Африканскиот куп, избра и свој стручен штаб.

Составот, исто така, имаше неколку изненадувачки изоставувања, при што без изоставени поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Ерик Чупо-Мотинг, и ветеранот голгетер Венсан Абубакар. Наводно, Ето инсистирал Абубакар да биде отстранет од тимот за да се спречи соборување на неговиот рекорд по бројот на голови во камерунската репрезентација. Абубакар во моментов е на 12 гола од првото место на вечната листа на стрелци, па Ето смета дека тој е реална опасност за него.

Сагата доби бизарен нов пресврт во средата кога Брис, одбивајќи да го прифати неговото отпуштање, издаде втор состав на Камерун во кој беше вклучено претходно изоставеното трио. Зборувајќи бесно за неговата расправија со поранешната ѕвезда на Барселона, Брис се пожали на Ето.

„Неговата цел секогаш беше да ме избрка што е можно побрзо. Уште од првата минута ме навреди, а јас реагирав. Бев преголем конкурент за него. Ето ги изостави клучните играчи и лидери од составот бидејќи, се разбира, тој го направи изборот. Како може да се оди на Африканскиот куп на нации без голман од светска класа? Или без Абубакар“, рече Брис.

Нејасно е што ќе се случи со камерунската репрезентација во следниот период, а време има се помалку бидејќи првенството на Африка почнува за девет дена. Својот прв меч Камерун го игра на 24 декември против Габон, а во групата за ривали ги има уште Брегот на Слоновата Коска и Мозамбик. Африканскиот куп на нации се одржува во Мароко од 21 декември до 18 јануари.