Joкиќ одигра речиси без грешка и ги уништи Кингс (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжи со одличнитее настпи во актуелната сезона, а неговиот Денверр славеше победа над Сакраменто со 136-105.

На паркетот Јокиќ помина 29 минути во кои уфрли 36 поени и додаде уште 12 скока и осум асистенции. Исто така имаше одличен процент на погодени шутеви 14/16 или (87.5%).

Поддршка имаше Јокиќ и од Пејтон Ватсон кој уфрли 21 поен, додека каај Сакраменто се истакнаа Малинк Монк со 18 и Вестбрук со 17 поени.

За Денвер ова беше 18-та победа во сезоната, а има скор 18-6 и се наоѓа на второто место на Западната конференција, Сакраменто е претпоследен со шест победи и 19 порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Хјустон - ЛА Клперс 115-113

Милвоки - Бостон 116 - 101

Њу Орлеанс - Портланд 143-120