Денеска е „Денот Д“ за Салах во Ливерпул

Големата ѕвезда на Ливерпул - Мохамед Салах, се подготвува за клучниот разговор со менаџееот Арне Слот. Средбата „лице в лице“ меѓу двајцата ќе се одржи денеска, 12 декември, пишуваат медиумите во Англија.

Салах беше отстранет од тимот на Ливерпул за гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите и тренираше индивидуално последните неколку дена додека неговите колеги имаа обврски во Европа.

Пред натпреварот во Италија, Слот призна дека не разговарал со Салах по неговото скандалозно интервју во кое го нападна клубот по натпреварот со Лидс во Премиер лигата. Холанѓанецот нагласи дека неговата единствена комуникација со него била „премногу кратка, колку да го информира дека нема да патува со тимот во Италија.

Утре Ливерпул е домаќин на Брајтон, а ова ќе биде последниот натпревар на „црвените“ пред Салах да замине за Египет за да учествува на Африканскиот куп на нации со својата репрезентација. Од разговорите меѓу Салах и Слот денес, ќе биде јасно дали играчот ќе биде вратен во тимот, но Слот и натаму инсистира тој прво да се извини и на него лично и на клубот.