И Анри распука по Салах: Имав проблеми со Венгер и Пеп, но никогаш не кажав јавно!
Многумина поранешни фудбалери го искритикуваа однесувањето на Салах, а еден од оние е и легендарниот Тјери Анри.
„Имав проблеми со Венгер и Гвардиола. Дали сум зборувал јавно за тоа? Никогаш! Без оглед на тоа што се случува во клубот, вие го заштитувате клубот – вашите соиграчи, тренерот, персоналот. Не ги откривате вашите валкани алишта јавно, особено кога клубот поминува низ тешки времиња“, рече Тјери Анри.
Ливерпул вчера без Салах оствари голема победа во Лигата на шампионите откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Интер.