Словенечката легенда наместо во Пелистер заврши во - Лајпциг!

Легендата на словенечкиот ракомет, Дејан Бомбач место во Пелистер одлучи кариерата да ја продолжи во Германија во редовите на Лајпциг.

Бомбач неодамна се поврзуваше со преселба во македонскиот шампион кој на крајот сепак нема да го има во своите редови. Искусниот среден бек ќе ги брани боите на бундеслигашот каде што денеска и официјално беше претставен.

Во Лајпциг 36-годишниот Бомбач пристигнува како слободен агент откако претходно го раскина договорот со Ѓер.

На Лајпциг кој до пред една недела беше предводен од поранешниот тренер на Пелистер, Раул Алонсо сезонава не му оди и тимот е последен во најсилната германска лига со само три бода.